• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    с. Брждани

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Брждани – село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од десната страна на реката Треска, а на северозападните падини на Илинска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Од градот Кичево е оддалечено 11 километри. Селото има слична положба како соседното село Видрани: поголемиот дел од куќите се наоѓаат на стрмната страна од планинскиот масив, лево од Беличка Река. Останатите куќи се сместени во подножјето на падините, покрај самата река. Околни села се: Јудово, Свињиште и други.

Археолошки наоѓалишта:
Богородичина Краста – доцноантичка тврдина;
Водици – средновековна црква и некропола;
Селиште – доцноантичка населба со топилница и некропола; и
Водици – доцниантичка населба.

Цркви:
Црква „Св. Никола“ – главна селска црква.

Спомен-чешми:
Спомен чешма Ветриец со плоча за сите загинати борци

Реки:
Беличка Река – тече низ селото, се влева во Треска

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: