• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Подвис

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Подвис – село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Селото е значајно за македонската историја и култура бидејќи во ова село во селското училиште во 1943 година за првпат се одржала настава на современ македонски јазик.

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска, недалеку од левата страна на регионалниот пат Кичево-Охрид. Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Кичево е оддалечено 10 километри. Денес, Горното маало, или старото село Подвис, е целосно напуштено и во него се наоѓаат останати стари руини на куќи и главната селска црква, како и старото селско училиште, по кое селото е познато.

Археолошки наоѓалишта:
Градиште — населба од доцната антика.

Цркви:
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква.

Споменици на културата:
Старо училиште — споменик на културата, објект каде првпат била изведена настава на современ македонски јазик во 1943 година.

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина: