Мокрени – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото се наоѓа во областа Азот, во југозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 31 километар.
Селото лежи на допирот на ниското земјиште на рекичката Бреза од исток и падината на планината Бабуна на запад. На ниското земјиште се наоѓаат обработени површини, додека на високото земјиште се пасишта и шуми. Недалеку од Мокрени се селата Габровник и Ораов Дол.
Денешното село, како што се истакнува во преданието, го основале доселеници кои „слегле од планината Мокро над Нежилово“, заради што најверојатно и селото го добило името Мокрени. Тие подигнале куќи на селиштето наречено Куќишта, каде што се занимавале со одгледување на стока, обработувале земја и биле ковачи. И сега се гледала „згура“ од некогашните ковачници. Жителите доселени од планината Мокра по слава се „Пречистани“. Во првата половина на XIX век селото имало само 7 македонски домаќинства. Во шеесеттите години на XX век кога селото имало 30 куќи, еден старец кажувал дека: „дедото на мајката моја памтел кога децата оделе на коледе само во седум куќи“. Оттогаш селото Мокрени постепено растело сѐ до 1920 година кога достигнало бројка од 72 домаќинства. Ова село доста се истакнало во НОВ, а во него е роден и познатиот македонски глумец Петар Арсовски.
Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главната селска црква; и
Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква
Манастири:
Мокренски манастир — обновен манастир над селото
Споменици:
Спомен-плоча од НОБ во Мокренскиот манастир
Мокренски манастир – обновен манастир во азотското село Мокрени, сместен над селото, до кој води асфалтен пат. Манастирот бил обновен на стари темели. Во 1984 година биле обновени манастирските конаци, додека во 1994 година била донесена и електрична енергија. Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти. Главната манастирска црква е посветена на Вознесението Христово, по која е и наречен целиот манастир.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: