Плетвар – село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.
Плетвар се наоѓа во близина на истоимениот превој, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 990 м. Од градот Прилеп е оддалечено 9 км. Селскиот атар зафаќа површина од 18,8 км2. Во XIX век, Плетвар било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Според Георги Трајчев, во селото работело училиште од 1846 година, а во 1902 година била изградена нова училишна зграда.
Археолошки наоѓалишта:
Барички Дол — населба од доцноантичко време;
Плетвар — осамен наод од римско време;
Селиште — осамен наод од римско време; и
Чашка — осамен наод од римско време.
Дуовата Пештера се наоѓа на југоисточната страна непосредно под врвот Козјак на планината Бабуна. Сместена е на десната страна на скарстена суводолица, непосредно под врвот Козјак на надморска височина од 1670 метри. Формирана е во калцитски мермери. Се одликува со вкупна должина од 81 метар, а од украсите кои се во мал број, се издвојуваат сливовите во вид на топки. Била истражувана од ПСК Златоврв од Прилеп на 9 април 2006 година.
Во внатрешноста на пештерата постои извор наречен Дуова Вода, за чии води околното население верува дека се лековити, поради што постои обичај изворот да се посетуваат и од него да се полни вода на Духовден, поради што и самата вода и пештера е наречена Ду(х)ова. Во непосредна близина на изворот има повеќе глинени садови и шишиња, а во самиот извор има и голем број монети.
Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, опишувајќи го врвот Козјак, запишал дека како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното. Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште), при што втората е позната по исцелителната „Дуова Вода“ (вода на Св. Дух, затоа што на Св. Дух одат да се мијат од неа). По еден тесен премин влегуваш под земјата на 20-30 стапки и достигнуваш до една пештера на којашто карпите и се мокри и од нив во дното капе малку вода. Тоа е „Духовата Вода“.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: