• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.450 м
  • Почетна точка:

    с. Ораов Дол

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ораов Дол (понекогаш нарекувано и Ореов Дол) – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Селото се наоѓа во областа Азот, во југозападниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна, сместено на нејзината десна страна. Селото е ридско, на надморска височина од 540 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 30 километри.

Селото се наоѓа во југозападниот дел на велешкиот крај и јужниот дел на Азот во басенот на рекичката Бреза, која е десна притока на Бабуна. Околни села се Мокрени на северозапад и Габровник на запад. Ораов Дол има збиен тип и во него постојат 2 маала: Горно и Долно или Митковско. Првото е поголемо и се наоѓа десно од селската рекичка, додека другото е на нејзината лева страна.

Преданието наведува дека Ораов Дол е многу старо село, што се гледа по зачуваните старинечки родови. Такви староседелски родови претходно имало повеќе, но нивниот број се намалил поради иселувања. Иселувањата се вршеле главно во поново време.

Ораов Дол најпрвин се наоѓало на местата Грамади и Чуревски Рид на ниското земјиште околу илјада метри северозападно од денешното село. Крај тие места водел стариот пат кој во Азот и долината на Бабуна доаѓал преку прилепското село Десово. Мештаните велат: „тогаш Турците додевале во селото“, па затоа тоа било преместено на денешната местоположба на повисоко. Јужно и југоисточно од Ореов Дол се издигнува делот на планината Бабуна наречен Кадиица. На Кадиица има пространа висорамнина висока околу 1100 метри, каде постојат многу поволни услови за сточарство поради што таму во минатото постоело истоимено влашко село. Тоа било раселено после некое насилство и злосторство најверојатно во XIX век. По раселувањето на Кадиица, целиот негов атар припаднал на Ораов Дол. Од тогаш и неговите жители станале големи сточари: лете бројната стока престојувала на Кадиица, додека зиме била чувана северно од селото во котлинското дно. Таму се наоѓаат бројни трла.

Во XIX век, Ораов Дол било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.

Во втората половина на XIX век и почетокот на XX век сѐ до 1912 година, жителите на Ораов Дол многу страдале од муслиманските Албанци населени во прилепското село Десово. Дека албанските жители на Десово биле надалеку познати како големи разбојници и пљачкаши сведочи и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, а во селата во Азот и областа на Бабуна е позната изреката: „лош си како десовец“ која се дава на лоши луѓе. Тие слободно се движеле по стариот пат во правецот Десово-Ораов Дол-Согле, некогаш грабале христијански девојки, одземале стока на планината, а доста мажи од ова село биле и убиени.

За да ги заштити Македонците од албанските насилства и зулуми, околу 1870 година, некој Никола Бендер од Ораов Дол собрал и организирал дружина во која имало жители и од соседните села Мокрени и Габровник. Еднаш на Кадиица, Никола Бендер убил 10 Албанци. Од тогаш престанал сообраќајот на споменатиот пат помеѓу Десово и Согле. Албанците од овие села морале да воспостават нов сообраќај по подалечниот пат преку селата Богомила и Гостиражни. Меѓутоа, подоцна Бендер дошол во судир со своите селани, особено со оние од денешниот род Плевењци. Судирот избил поради девојка која Плевењци не сакале да ја одобрат за мажачка со Бендер поради роднински врски. Послужувајќи со измама, Плевењци успеале да го обесат Бендер. Никола Бендер е погребан на местото кое денес се нарекува Бендерово Кладенче на потегот Грамади. После ова домашните на Бендер се иселиле во Белград. На планината Кадиица сега постои потегот Бендерова Ливада.

Северно од Ораов Дол е местото Долна Црква, каде што постоела црквичка. Кај нејзините рушевини селаните приредуваат ручек за Голема Богородица. Долната црква била напуштена во втората половина на XIX век, кога во Горното Маало на самото село е изградена сегашната голема црква посветена на Свети Никола која ја изградиле мајстори Мијаци од Папрадиште во исто време со тамошната црква, заедно со која се најдобрите и најубавите црковни храмови во целиот овој крај. Жителите на Ораов Дол порано имале селски гробишта на две места, по едни за секое маало. Во поново време, затоа што селото е мало едните од нив наречени Митковски кои се наоѓаат западно од селото се напуштени. Селска слава на Ораов Дол е Спасовден. После Првата светска војна ова село било седиште на општина. Тогаш, неговите жители биле големи сточари и одгледувачи на пченица. Стоката ја продавале во Прилеп, а житото во Богомила. За селото се велело дека од него нема „полебарско село“. Две-три години по Првата светска војна Ораов Дол имало околу 80 домаќинства, а кон шеесеттите години на XX век имало 24 домови.

Археолошки наоѓалишта:
Јаричишта — населба од римско време

Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква

Споменици:
Спомен-плоча од НОБ на планинарскиот дом
Споменик на Планински пред влезот во селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

ПД Ораов Дол – врв Кадиица (6,5 км)
врв Кадиица – врв Љута (2,5 км)
врв Љута – Десовски Езера (6 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот