Слатински Извор – најдолгата пештера во Македонија, во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата. Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити.
Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км. На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро. Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена. Пештерата е затворена и може да ја посетите единствено со претходна најава со локалното спелеолошко друштво (контакт тел. е означен на самиот влез).
Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се нарече како и Марковски Водопад. Според типот на настанок, водопадот е тектонки, настанат на раседна вертикала која претставува видна манифестација на границата помеѓу две маркатни тектонски маси како што се Пелагонискиот – Хорст Антиклинориум и Западномакедонската зона. Слатинскиот Водопад всушност е еден вид на слап кој е составен од два дела и има вкупна височина која изнесува околу 5 метри. Најпрво во горниот дел водата паѓа каскадно во неколку мали слапови со височина од околу 1,5 метри, па потоа во долниот дел водата паѓа во форма на водопад висок околу 3,5 метри. Водопадот има формирано „џиновски лонец“ (вир) со димензии: широчина 6 метри, должина 4 метри и максимална длабочина од 1 метар. До водопадот се стига по колски пат кој води кон маалото Марковци, притоа пред да се помине Марковска Река се скршнува кон самиот водопад. Слатинскиот Водопад е една вистинска уникатност која ретко се среќава во областа Порече, затоа што истата во најголем дел е изградена од ронливи и водопропусливи карпи, како што се карбонатните карпи (доломити, мермери и варовници). Доколку се одлучите да го посетите Слатинскиот Водопад, најдобро е тоа да го сторите во текот на пролетта кога водопадот има најголем водостој.
Извор: Wikipedia / iGeoportal
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: