Грешница – село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 11 километри. Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 22,8 км2. Грешница е мала населба доведена во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 229 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 39 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото Грешница имало 27 жители, сите Македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 13 Македонци и 4 лица без податоци.
Цркви:
Црква „Св. Петка” – главна селска црква
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: