• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.131 м
  • Почетна точка:

    село Битуше

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Битуше – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар. Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри.

Во непосредна близина на селото, односно на левиот брег од реката Радика, се наоѓа и познатиот Бигорски манастир. Битуше со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште отсекогаш претставувал посебен крај со свои специфични белези и карактеристики.

Според некои, извесен Јован (или Иван) како еден од 70. ученици на Климент и Наум бил битушанец и дека тој бил всушност ктитор на Бигорскиот манастир, односно дека токму тој ја донел иконата на Свети Јован од изгорениот истоимен манастир во близина на селото Слатино, Дебрца, кој пак бил запален во почетокот на X век. Битуше е единствено и меѓу 23. села од десната страна на Радика, разместени по огранките на Кораб и Дешат, во кое не била извршена исламизација на населението. Со векови постои како чисто христијанско село и не е познато поради која причина, отоманските власти не извршиле потурчување во селото. Сепак, селото со векови живеело во братска слога со останатите жители од овој крај.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Битуше – врв Црвена Плоча (8,5 км)
врв Голем Крчин – врв Дели Сеница (2 км)
врв Голем Крчин – врв Рудина (3 км)
врв Голем Крчин – врв Црвена Плоча (4 км)

  • Наведените опции се вклучени во GPS линкот
  • село Ростуше – Дуфски Водопад (1,5 км)
    Линк од GPS