Муратово Џаде, односно Султан Муратово Џаде претставува трасиран земјен пат кој се протега на самиот срт од исток кон запад на Скопска Црна Гора и води преку локалитетите Влај гроб, Бел камен, Калеш Мара, Муратица, Рамно, Караула и Царева ливада.
Наведениот трасиран пат е изграден во период од 7 години по наредба на Султан Мурат (1360-1389. г.) за да истиот биде искористен во 1389 година од страна на турската војска за напад на Цар Лазар на Косово.
Муратово Џаде се протега на самиот срт на Скопска Црна Гора и нуди неверојатни можности за планински велосипедизам. Патеката сеуште ја истражуваме – stay tuned! (во подготовка).
Патеки во близина:
Спирова Колиба – врв Црн Камен (+ 1,5 км)
Спирова Колиба – врв Пржар (+ 2 км)