• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 650 м
  • Почетна точка:

    с. Глуво

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Давина Кула или Девина Кула – тврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора. Падините му се стрмни и лесно е пристапен само од североисток. Озгора има преглед врз магистралниот пат повеќе километри на север (во клисурата) и на југ (низ Полето). Стари рудници на железо регистрирани се на неколку километри североисточно оттука.

На јужниот крај на ридот што е највисок, во доцноантичко време бил изграден кастел со овална форма, со димензии 185 × 110 м (1 ха). Обѕидието, градено од камен со вар и зајакнато со низа кули, потекува од доцноримско време (IV век), генерално е обновено во VI век (несомнено по земјотресот во 518 г.). Обновена била и внатрешноста, што и денес одлично се гледа на површината: низа станбени градби со неколку одделенија, вклопени во низи долж тесни паралелни улички. На највисоката позиција стоела црква, опркужена со неколку помошни градби.

Северно од акрополата, на тесна зарамнета тераса која е малку пониска било изградено јадрото на градот по однапред утврден план. Опфатено е со двојно обѕидие, зајакнато со кули и со голема порта на северниот крај. Во центарот стоел мал квадратен плоштад, врамен со дуќани. Северно од него стоеле поголеми куќи за живеење, а јужно од него базилика и повеќе други големи градби.

На јужниот дел, во подножјето на акрополата, има слаб извор што го снабдувал со вода. Сето ова било изградено наеднаш и по еден однапред осмислен урбан план, во текот на VI век. Градот со укрепениот простор за збег крај него зафаќал површина од 8,4 ха. Покрај спомнатите две базилики во градот евидентирани се уште шест други цркви во блиската околина. Стопанската моќ на жителите се потпирала главно врз експлоатацијата на железо и врз металургијата. Најдени се многу голем број ситни железни предмети — фибули, алатки и делови од опрема и покуќнина, исковани тука (главно во V — VI век). На еден оловен печат се чита името на епископот Тома.

Несомено е дека доцноантичката акропола, добро запазена, служела и во средновековието како висока стража на влезот во Качаничката Клисура, демнејќи го магистралниот пат од Скопје на север — кон Косово, Рашка и Белград. Блиските лежишта на железната руда веројатно повторно биле експлоатирани и така израснало и подградието, „градот Давина” според месното предание. Овој значаен укрепен пункт со многу веројатност бил седиште на една од енориите во рамките на Скопската епископија; можеби Преамор или Принип, споменати во повелбата на Василиј II од 1019 г.

Македонските археолози претпоставуваат дека една од можните места за наоѓалиштето на сѐ уште неоткриениот град Јустинијана Прима би можела да биде токму ова место, бидејќи Давина Кула е единствениот досега потврден град од 6 век на територијата на Скопје што ги има сите одлики на рановизантиски град.

Извор Лавовец: во Градот Скопје, во 15 и во 16 век, интензивно се подигале амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода. Се смета дека по нарачка на Мустафа-паша, градителот на една од најубавите џамии во Скопје, е изграден, односно реконструиран и водоводот. Аквадуктот бил дел од водоводот преку кој се пренесувала вода од Скопска Црна Гора до скопската тврдина Кале. Водата била спроведувана од изворот Лавовец до самата река Бањанка во селото Глуво на Скопска Црна Гора, сѐ до „топчиската касарна“, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли ан и до Зијабеговата џамија. Водата, преку аквадуктот, се пренесувала со цевки, кои оделе од запад кон исток.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)