• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    с. Блаце

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Блаце – село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје. Селото најпрвин запишано како Блатце се сретнува во 1299 година. Се верува дека името потекнува од Блатце, што доаѓа од блато (застоена вода, поголемо место со кал) и додавката -це, или пак од Блаца, што означува мочуриште.

Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, во западниот дел на територијата на Општина Чучер-Сандево, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Косово. Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 31 километар, додека од регионалниот пат Скопје-Приштина е оддалечено само 3,6 километри. Селото е планинско и се наоѓа во Скопска Црна Гора. Селото е во близина на македонско-косовската граница и има граничен пункт. Во суштина, селото е поделено на два различни делови, кои долго време во материјалите биле споменувани како две различни села. Тоа се Долно Блаце, сместено во непосредна близина на денешниот регионален пат Скопје-Приштина и граничниот премин „Блаце, и Горно Блаце (или само Блаце), сместено околу 3 километри повисоко на падините на планината Скопска Црна Гора.

Блаце се смета за старо село во делот на Скопска Црна Гора. Се смета дека порано се наоѓало над денешната положба, во месноста Селиште. Нема податоци кога била извршена преселбата во денешното село. Во историските извори под името Блаце првпат е споменато во 1300 година. Потоа, во 1308 година било споменато повторно во една од грамотите на кралот Милутин, кога било дадено во сопственост на средновековниот манастир „Св. Никита“. Во средниот век во Горно Блаце несомнено е дека постоеле две цркви: „Св. Богородица“ и „Св. Ѓорѓи“. Остатоци од првата црква се наоѓаат во месноста Селиште, додека втората црква се наоѓала под селото, во денешната месност Киша (Црква). Повеќе нема никакви остатоци од храмот, но во атарот на селото порано се наоѓале плочи со натписи. Во народната традиција се зачувани спомените за некогашното православно население на Горно Блаце, кое подоцна со доселувањето на муслиманското население од Албанија, постепено се иселувало.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)