Корапскиот Водопад (Пројфелски Водопад) – водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.
Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат меѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може да зависи и од различните точки кои се земени при различни мерења. Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м,а а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.
Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почеток на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина. Крајот на летото и почетокот на есента, водата само се лизга по карпите, а во сушни години комплетно пресушува.
Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње, или од десната страна преку Бибање, покрај врвот Кабаш. Патекети се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини.
извор: Wikipedia
Корапскиот водопад е високо на нашата ту-ду листа, вклучувајќи и кампинг, фоткање и ужување. Stay tuned!
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Нистрово – с. Жужње – Корапски Водопад (11 км)
с. Рибница – Корапски Водопад (11,5 км)
с. Рибница – Корапски Водопад – Мало Корапско Езеро – врв Мал Кораб (16 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот