• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    Планинарски дом Говедарница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Куртово Ќуле – врв на планината Кораб во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.082 метри. Се наоѓа северозападно од селото Жировница и се издигнува на билото на една мала огранка (гребен) која се испушта од главниот срт на протегање на Кораб кон исток. Претставува еден од најјужните врвови на планината Кораб, од кој на југ со долината на Валавичарска Река и месноста Голема Планина, започнува да се протега планината Дешат. Според местоположбата на врвот Куртово Ќуле се наоѓа на координатите 41°41’15” северна географска широчина и 20°33’26” источна географска должина. Сместен е на крајот на планинската огранка која се протега на источната падина на планината Кораб, при што на запад е поврзан со врвот Јаворско Брдо (2235 м.) додека на исток широко се отвора над долот на Жировница и кон север и југ се отвора испуштајќи стрмни падини во долините на Таировска Река на север и Валавичарска Река со која е пределната граница со која почнува планината Дешат на југ. Околината на врвот изобилува со ретки геолошки и морфолошки појави како: сипари, остенци, камени гребени, камени струи и мразни почви. Од врвот Куртово Ќуле се нуди извонредна глетка на целото протегање на Кораб и Дешат, долината на Радика, планината Бистра.

Јаворско Брдо (познат и како Јаворски Рид) — врв во јужниот дел на планината Кораб, се наоѓа на крајниот јужен дел на планината Кораб на планинското било, во близината на главниот срт на протегаење. Поточно, врвот Јаворско Брдо се наоѓа на планинска огранка која се испушта од соседниот врв Високо Брдо на главниот срт на протегање кон исток и завршува со врвот Куртово Ќуле, поради што Јаворско Брдо се наоѓа целосно внатре на територијата на Македонија. Според местоположбата на врвот Јаворско Брдо се наоѓа на координатите 41°41’02” северна географска широчина и 20°32’30” источна географска должина. Сместен е на планинската огранка која се протега на источната падина на планината Кораб, помеѓу врвот Високо Брдо (2235 м.) на запад и врвот Куртово Ќуле на исток, додека кон север и југ се испуштаат стрмни падини во долините на Таировска Река на север и Валавичарска Река со која е пределната граница со која почнува планината Дешат на југ. Веднаш на подножјето под самата западна падина на Јаворско Брдо на преслапот кој го поврзува со соседниот врв Високо Брдо постои разрушена градба на караула крај која минува разгазената граничарска патролна патека. Самиот највисок дел на врвот е остар и зашилен, целосно тревнат и оголен, додека шумите се прилично подолу, а на неговата јужна падина покрај буковата шума, ниско во пределото Голема Планина има и ретки јавори поради што веројатно постои мала можност така да го добил името Јаворско Брдо. Во некои пишани извори врвот е познат и како Јаворски Рид, додека на топографските карти врвот е запишуван како Јаворско Брдо, најверојатно под влијание на југословенското картографирање на српскохрватски јазик. Друга можност за потеклото и значењето е од зборот “Јаловарско” што е забележан како топоним на билото на планината Дешат во најнепосредната близина на овој врв а има значење поврзано со сточарството односно место каде се оставале јаловите (неплодни, неродни) овци и добиток.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)