Лиска – највисокиот планински врв на Илинска Планина во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.908 метри. Од него се пружа глетка на цела Западна Македонија, односно двете најголеми македонски природни езера Охридско на југозапад, Преспанско на југ, врвот Пелистер на југоисток, целата област Железник (Демир Хисар) на исток, градот Кичево на север, планините Бистра Стогово, Крчин, Дешат и Кораб на северозапад и целата област и котлина Дебрца со планините Караорман и Јабланица на запад. За името на врвот Лиска на билото на Илинска Планина, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека Лиска – билото на планината од Беличката Планина на исток е наречено така поради тоа што по него има многу лиска (лискун), т.е. камен шкрилец – плоченец. Ова се потврдува и од кажувањата на мештаните на селото Големо Илино чии покриви на куќите се покриени со плочи од лискун ископан и ваден од карпите на врвот Лиска.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Големо Илино – врв Лиска – с. Прострање (23 км)
с. Прострање – врв Лиска (9 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот