Велмеј – село на Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Селото Велмеј се наоѓа во подрачјето на областа Долна Дебрца, на 13 километри источно од магистралниот пат Охрид – Кичево. До селото се доаѓа по асфалтен пат, кој се двои од западната магистрала Охрид – Кичево кај селото Ботун, поминувајќи низ селата Белчишта и Лешани.
Се наоѓа на западните падини на Илинска Планина. Од северната и источната страна е заградено со планински масиви на Илинска Бигла (од исток со Килаец – 1.068 м, од север со Чуки – 1.303 м), а на западната и јужната страна се простира Велмешкото Поле. Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.
Подрачјето на селото Велмеј зафаќа површина од 39,3 квадратни километри (3.928 хектари) или 10% од територијата на Дебрца и се наоѓа меѓу подрачјата на селата Прострање, Велмевци, Големо Илино и Брежани од исток и југоисток; Куратица и Лешани од југ и југозапад; Грко Поле и Горно Средоречие од запад и Сошани и Оздолени од север и северозапад.
Велмеј е село од збиен тип, што е карактеристика за сите села од Дебрца. Се дели на следните краеви: Горни Чифлик или Црниноска Маала, Долни Чифлик или Славкоска Маала. Општо, селото е поделено на Горна и Долна Маала, а поодделно секое маало го добило името според презимето на поголемиот дел од семејствата што живеат тука. Денес, Велмеј е најголемото село во подрачјето на Дебрца, како по бројот на жителите, така и по бројот на домаќинствата.
Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква; сместена во средишниот дел на селото, потекнува од XIII век, а сегашниот архитектонски изглед датира од XIX век. Во црквата има иконостас, со икони кои датираат уште од XVI и XVII век, како и интересен резбан владички престол. Според пишувањето на рускиот патописец Виктор Григорович од 1845 г., при преправката на црквата, селаните вградиле стари ракописи и книги во ѕидовите на црквата од страв да не бидат уништени од грчките фанариоти.
Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа на североисточниот дел од селото, на едно возвишение; на доминантно место на североисточниот дел од селото, на едно возвишение е поставена втората цркава во селото – Св. Ѓорѓија, градена од делкан камен, со купола во средишниот дел и полукружна апсида. Црквата е обновена во 1931 г. и во неа се наоѓаат икони од XVII и XVIII век.
Црква „Св. Богородица Ќелија“ — се наоѓа надвор од селото, на југоисточната страна;
Црква „Вознесение Христово“ — најновата селска црква. Градена во периодот 2001-2014;
Чешми:
Чешма „Исток“ — во западниот дел од селото се наоѓа импозантна чешма наречена „Исток“, која располага со обилна вода што тече низ 18 дулци. Тука е поднигната и спомен-плоча на паднатите борци од селото во НОВ и Илинденското востание. На „Истокот“ се изведува и еден од главните церемонијали на свадбата – „Носење на вода од невестата“. Денес низ селото има водовод изграден во 1982 година, но сепак „Истокот“ сѐ уште ја има онаa стара традиција на собирање на велмешани.
Пештери:
Јаорец — пештера североисточно од селото, долга 76 метри
Археолошки наоѓалишта:
Бучишта — доцноантичка населба со некропола и старохристијанска базилика
Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време
Вишин Дол — утврдена доцноантичка населба и топилница
Гладница — доцноантичка населба
Горица — средновековна населба
Горни Јаворец — доцноантичка топилница
Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот среден век
Грамаѓе — некропола од железното време
Иванова Ливада – Икона — црква и некропола од раниот среден век
Икона – Блато — некропола до раниот среден век
Калуѓерица — некропола до раниот среден век
Кутлина — населба од неолитското, бронзеното, железното време и раниот среден век
Манастириште — средновековен сакрален комплекс
Оџа Бавча — некропола од раниот среден век
Пашина Горица — доцноантичка некропола
Петте Дабје — римска и доцноантичка некропола
Пештера Јаорец — засолниште од палеолитското време
Писан Камен — некропола од каменото време
Попов Дол — доцноантичка некропола
Селиште Јаорец — средновековна населба
Селце — срденовековна населба
Скала — доцноантичка топилница
Скала — раносредновековна населба и некропола
Средна Горица — некропола од ранословенско време
Црквиште — раносредновековна црква и некропола
Шивлица — црква од раниот среден век
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: