Бушева Планина – средновисока планина што се протега помеѓу долината на Треска на север, превојот Барбарас (864 м) на североисток, Прилепско Поле односно Пелагонија на исток, долината на Црна Река во областа Железник (Демир Хисар) на југ и реката Жаба и најголемото карстно поле во Македонија – Церското Поле на запад. Зафаќа површина од 325 км2. Највисок врв е Стара Мусица или само Мусица (1.788 м). На главното планинско било кое се протега во правец јз–си се издигаат уште 10 врвови повисоки од 1.500 м, меѓу кои највидни се Козјак (1762 м), Блато (1592 м) и Кула (1437 м) во северниот дел и Мечкин Камен (1454 м) и Плоча (1293 м) во јужниот дел на планината. На запад Бушева Планина морфолошки е тесно поврзана со пониските планини Баба Сач (1697 м) и Лубен (1762 м), со кои сочинуваат заеднички планински масив кој на над 1000 метри надморска височина зафаќа вкупна површина од 346 км2, додека на 1500 метри надморска височина површината на овој заеднички планински масив се намалува на само 22,8 км2. На југ од Бушева Планина, одвоено со Црна Река се простира скоро обесшумениот масив Кале со истоимениот врв висок 1494 метри, кој Ѓорче Петров го нарекува Гола Планина. На оваа планина на надморска височина од 1250 метри се наоѓа единствениот планински град во Македонија и воопшто највисок планински град на Балканот – Крушево.

извор: Wikipedia

Знаменитости

(во подготовка)

Стара Мусица 1788
Козјак 1762
Блато 1592
Кула 1437
Мечкин Камен 1454
Плоча 1293

Активности

(во подготовка)

Планинарски патеки

Велосипедски патеки