• Должина во правец: 25 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.331 м
  • Почетна точка:

    с. Манастир Мариово
    * Кружна тура од вкупно 49 км

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Камени мост – камен лачен мост кој ја премостува Градешка Река во непосредна близина на селото Зовиќ. Тој бил изграден заради поврзување на населението со населените територии од другата страна на реката, односно со селата: Старавина, Градешница, Бешиште и Полчиште. Се смета за едно од најубавите архитектонски зданија во Мариово.

Во средниот век, на местото на денешниот камен мост веројатно постоел дрвен мост. Во 1952 година, некој селанец со претоварена воловска кола поминувал преку мостот, кој се преполовил, а селанецот и воловите паднале во реката и тој се здобил со трајни повреди на ‘рбетот. Тогаш селаните одлучиле да се изгради нов мост и со здружени заложби на месното население, камениот мост бил изграден во 1955/6 година, а мајстор бил извесен Ѓуладин (Џуладин), со потекло од селото Лабуништа, потпомогнат од Трајко Секирков. Во 2014 година, мостот бил поправен и обновен од страна на Општина Новаци.

Мостот е лачен и е приспособен на теренот. Граден е од камен, односно делкани и приделкани камени блокови. Во непосрсдна близина на мостот, на една висока карпа, е насликан Свети Ѓорѓи, што претставува остаток од црква којашто во минатото се наоѓала на тоа место. Живописот потекнува од 1925 година, што е испишано заедно со имињата на дарителите, а бил обновен во 2006 година од страна на НУ Завод и музеј Битола. Во долниот дел од мостот, непосредно покрај Градешка Река се наоѓа воденица којашто населението ја користело за мелење житарици. Воденицата е изградена од камен и била покриена со камени плочи коишто подоцна биле заменети со лимен покрив. Мостот бил инспирација за македонскиот режисер Милчо Манчевски да сними дел од филмот „Прашина“, па поради тоа мостот е познат и како „Филмски мост“.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)