• Должина во правец: 9,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 750 м
  • Почетна точка:

    с. Русиново

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Русиново – село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово. Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини. Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.

„Низ Петлец идат трима војводи“

Локалитетот Петлец е оддалечен 12 км од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 км од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија.

Во Русиново пристигнуваат Дамјан Груев, Атанас Карчев и Санде Китанов, заедно со комитите. Тројцата војводи се сместуваат во куќата на чорбаџијата Димо, но шпионите ги предаваат и набргу селото е опколено од турската војска. На почетокот на борбата се убиени Димо и неговата сопруга, а при повлекувањето на комитите е убиен војводата Китанов. Исто така, Груев е ранет и тој ги повикува комитите да се повлечат, но војводата Карчев одбива да го остави. Така, тие двајца погинуваат во борбата против турската војска

Тура

(во подготовка)