Џами Тепе (бугарски: Ильов връх, до 1942 г. Джамо/Джамa) — највискиот врв на Малешевските Планини. Висок е 1.803 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија.
Се издига во северниот дел на главното планинско било. На северозапад преку седлото наречено Седлото се поврзува со првенецот на планината Влаина — врвот Кадиица; на југоисток седлото Конското го поврзува со врвот Трите Гроба. Врвот е заоблен, со налегнати падини и не се истакнува особено над околните зарамнети била. На североисток оd него се одвојува ридот Краиште. Врвот е изграден од метаморфни карпи. Почвата е планинско-ливадска. Високите делови се образснати со подалпска тревна растителност, а падините со бука и бор.
Точно низ Џами Тепе поминува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р. Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На таа кота стои гранична пирамида со број 51. На 29 јуни 1942 г. бугарската држава го сменила бугарското име во Иљов Врв, кое дотогаш гласело Џамо или Џама. Новото име на врвот е дадено во чест на Дедо Иљо Малешевски согласно политиката на присвојвуање на македонските национални дејци.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: