Киселичка Пештера — пештера во Македонија. Се наоѓа во котлината Пијанец, во атарот на делчевското село Киселица. Пештерата се наоѓа на левата долинска страна на безимен поток, кој припаѓа на сливот на Киселичка Река, десна притока на реката Брегалница. Главниот (горниот) влез се наоѓа на надморска височина од 770 м. Киселичка Пештера претставува сложена пештера со гранеста шема на пештерските канали, а наместа и со лажна лавиринтска (анастомозна) шема, како резултат на исполнетоста на пештерските канали со седименти, при што истражените канали се всушност делови каде што пештерските седименти се еродирани. Пештерата има два влезни делови, горен и долен, кои се наоѓаат на вертикален отсек, на 10-15 м над речното корито.
Министерството за животна средина и просторно планирање во 2019 година ја прогласи за природна реткост Киселичка Пештера. Пештерата е од класата таканаречени суви пештери. Изобилува со сталагмити и сталактити, но е и дом на доста лилјаци, птици, инсекти. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, не постара од 20-40 илјади години.
Пештерата може да ја посетите единствено под надзор и во договор со спелеолошко друштво.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: