• Должина во правец: 4,5 км
  • Тежина: 5/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 270 м
  • Почетна точка:

    Пехчево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Влаина (бугарски: Влахина) – средновисока планина во источна Македонија која ја претставува источната рамка на Беровската Котлина и се гранични со Пиринска Македонија во денешна Бугарија. Највисок врв е Кадиица (1.932 м). Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, палеозојски гнајсови, гранитоиди и кредни варовници. Поради езерската состојба за време на плиоценот во пониските делови се наоѓаат плиоцени седименти и песокливи глини.

Буковик – вулканска купа сместена на 3 км североисточно од Пехчево, во состав на планината Влаина. Претставува единствена јасно изразена вулканска образба во тој дел од земјата. Има пречник од околу 3,5 км, а површина од 8 км2. Потекнува од горниот миоцен. Месното население ја смета за посебна планина.

Од јужната страна е длабоко пресечена со долината на Пехчевска Река, а од северната ја сече изворишниот дел на Желевица. Истакнатоста на купата (во однос на околниот предел) изнесува 600-700 м, а највисок врв е Орловец (1.723 м). На исток од овој врв, преку благо седло, Буковик се поврзува со билото на планината Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1.932 м).

Локалитетот Јудови Ливади е оддалечен 2 km североисточно од Пехчево, во подножјето на Буковик (1723 m), на околу 1100-1200 m надморска височина. Се одликува со единствена флора на територијата на општина Пехчево и пошироко.

Drosera rotundifolia – инсектојадното растение (округлолисна муволовка) се наоѓа на локалитетот Јудови Ливади, на само 3,5 километри од Пехчево, на надморска височина од околу 1200 м. и претставува ендемски вид, затоа што го нема на друго место на Балканот, а застапено е само на неколку места во светот. Се карактеризира со зелени листови и црвен цвет, со кој ги привлекува инсектите и го цица нивниот сок, а потоа лушпата ја исфрла надвор.

Тура

(во подготовка)