• Должина во правец: 15 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 6,5 часа
  • Искачување со деца: 7 часа
  • Висинска разлика: 1.350 м
  • Почетна точка:

    Пехчево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Џами Тепе (бугарски: Ильов връх, до 1942 г. Джамо/Джамa) — највискиот врв на Малешевските Планини. Висок е 1.803 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија.

Се издига во северниот дел на главното планинско било. На северозапад преку седлото наречено Седлото се поврзува со првенецот на планината Влаина — врвот Кадиица; на југоисток седлото Конското го поврзува со врвот Трите Гроба. Врвот е заоблен, со налегнати падини и не се истакнува особено над околните зарамнети била. На североисток оd него се одвојува ридот Краиште. Врвот е изграден од метаморфни карпи. Почвата е планинско-ливадска. Високите делови се образснати со подалпска тревна растителност, а падините со бука и бор.

Точно низ Џами Тепе поминува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р. Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На таа кота стои гранична пирамида со број 51. На 29 јуни 1942 г. бугарската држава го сменила бугарското име во Иљов Врв, кое дотогаш гласело Џамо или Џама. Новото име на врвот е дадено во чест на Дедо Иљо Малешевски согласно политиката на присвојвуање на македонските национални дејци.

Кадиица (бугарски: Огреяк, порано: Кадийца) — највисок врв на планината Влаина. Висок е 1.924 м и лежи на самата македонско-бугарска граница кон Пиринска Македонија. Сместен е во најјужниот дел на главното планинско било, јужно од врвот Делибов Камен. На југоисток преку преку седлото наречено Седлото (Четало) се поврзува со првенецот на Малешевските Планини — Џами Тепе (Иљов Врв).

Врвот има остри падини и силно доминира над околните зарамнети била. Северните и западните падини се налегнати, а југозападните и југоисточните се изразено стрмни. Изграден е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава планинско-шумска. До 1600 м.н.в. е покриен со букови шуми, а високите делови се обраснати со подалпска тревна растителност.

По билото, во правец север-југ минува државната граница, делејќи го Пехчевско во Р. Македонија од Горноџумајско во Пиринска Македонија. На највисоката точка стои граничната пирамида со број 55. Во непосредна близина, на 120 м источно, на малку пониско возвишение е поставен знак за триангулација. Висината на врвот е измерена според овој знак, а не во највисоката точка на пирамидата 55.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Пехчево – врв Кадиица (9 км)
врв Кадиица – врв Џами Тепе (6 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот