Ѕвегорски манастир – манастир во областа Пијанец, во источниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на западните падини на планината Влаина, по течението на реката Ѕвегор, покрај магистралниот пат кој води кон границата со Бугарија. Манастирот е изграден во 1991 година, кога била завршена и осветена манастирската црква. Во склоп на манастирот влегуваат црква, параклис и конак. Во дворот на манастирот има долга празнична маса, фонтана, како и камен крст. Конакот е изграден од камен и е на два ката, од кои на вториот има голема тераса. На неговиот преден ѕид има мозаик на кој е прикажана картата на Обединета Македонија. Параклисот е сместен на височинка над манастирот, а во него има слика на Свети Георги и молитва.
Илин камен – карпеста формација кај с. Ѕвегор, на левата (северна) страна од патот кон Бугарија, на околу 200 m оддалеченост од патот. Тоа е карпест блок висок околу 2 м., со мал отвор во средишниот дел настанат со ерозија. Според легендите, во времето на Османлиите во близина живеела некоја убава девојка Илина, која посакала да се скамени само да не ја грабнат тираните. Така настанал Илин Камен. Поради верувањата во моќта на каменот, овде доаѓаат многу неротки кои се протнуваат низ отворот во карпата. Освен легендите за ова место, секој занемува и од прекрасната недопрена природа која го краси овој простор. Така, веднаш под патот кај Илин Камен е манастирот Св. Илија со прекрасна околина покрај Звегорска Река, а во околината има повеќе археолошки остатоци. Самиот локалитет Илин Камен е уреден за посета и располага со одличен панорамски видик.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: