Мал Кораб – врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.683 метри.
Се наоѓа во средишниот дел на планината на главниот срт, во непосредна близина на границата меѓу Македонија и Албанија, но сепак целосно припаѓа на македонска територија. Според местоположбата на врвот Мал Кораб се наоѓа на координатите 41°46’15” северна географска широчина и 20°32’08” источна географска должина, западно од селото Нистрово. Поточно, врвот Мал Кораб е сместен непосредно на север над долината на Длабока Река и познатиот Корапски водопад, додека понатаму на север преку седло со камењар-сипар тој е веднаш непосредно поврзан со повисокиот врв Малокорапска Стена (Мала Корапска Врата) (2725 м.). До врвот Мал Кораб води обележана планинарска патека која води од долината на Длабока Река и Корапскиот (Пројфелски) водопад до самиот врв, а потоа преку превојот Мала Корапска Врата продолжува до највисокиот врв Голем Кораб. На самиот врв Мал Кораб постои кота односно пирамида изградена од бетон, која го означува врвот.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:
с. Рибница – врв Мал Кораб (16 км)
врв Мал Кораб – врв Голем Кораб (+3 км)