• Должина во правец: 12 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Грекање

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Боази – врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб во Македонија. Неговата височина изнесува 2.495 метри. Боази е врв на главниот срт на протегање во средишниот дел на планината Кораб, на самата македонско-албанска државна граница. Сместен е во пределот помеѓу долината на Длабока Река со Корапскиот водопад и врвот Мал Кораб на север и високопланинскиот превој – преминот Цигански Проход на југ, додека од врвот Боази кон исток се испушта планинската огранка на која се сместени високите, тешко пристапни, многу стрмни и зашилени (налик „алпски“) врвови Кабаш и Рибничка Скала. Врвот Боази се наоѓа на самиот срт, а неговите падини кон запад и исток се многу стрмни и каменливи, а притоа низ двете долини од двете падини на север и југ од Боази водат планински патеки и патишта по кои се движеле многу сточари и патници преминувајќи го сртот на Кораб, поради што најверојатно врвот и го добил името Боази кое доаѓа од турскиот збор boğaz кој значи премин, превој, грло, клисура, врат („шија“), пат. До врвот може да се искачи по добро разгазената граничарска патека, пристапувајќи од долината на Длабока Река (Пројфел) на север, а продолжувајќи по неа кон Цигански Премин на југ, веднаш на јужното подножје под врвот на надморска височина од 2318 метри е сместено постојано природното ледничко езеро Изгревно Езеро. Целиот крајолик на пределот околу врвот Боази е исполнет многу убави високогорски речиси „алпски“ планински глетки, на стрмни врвови, длабоки долини, стрмни падини со карпи со камењари (сипари), високопланински тревнати пасишта и ливади.

Изгревно Езеро – природно ледничко езеро на планината Кораб, во Македонија. Се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот Боази на север и високопланинскиот превој Цигански Премин на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

село Грекање – врв Чапарец (7 км)
село Грекање – Изгревно Езеро (10,5 км)

  • двете опции се вклучени во GPS линкот