• Должина во правец: 5,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 700 м
  • Почетна точка:

    с. Тануше

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бачилско Езеро – се наоѓа во изворишниот дел на река Рибница, од левата долинска страна, на надморска височина од 1.760 метри. До езерото се доаѓа по коњска патека која води од село Тануше по долината на Рибница. Површината на езерото изнесува 318 м2, а неговата длабочина се проценува на околу 2 метри. Езерото се наоѓа во широка вдлабнатина – цирк, источно од врвот Бачилски Камен на источната падина во јужниот дел на планината Кораб, недалеку од главниот срт на протегање на корапската верига. Поточно, езерото е сместено во вдлабнатина под седлото (помеѓу) кое ги поврзува врвовите Бачилски Камен и Бабин Камен.

Осојно Езеро (познато и како: Извирско Езеро) – природно ледничко езеро на планината Кораб во Македонија. Се наоѓа веднаш под врвот Бачилски Камен и трите природни леднички езера Бачилско Езеро, Средно Езеро и Долно Езеро на надморска височина од 1,620 метри. Сместено е во вдлабнатина на стрмна тераса која ги поврзува гребенот Осој на исток и врвот Бачилски Камен на запад. Самото езеро претставува извор на повремен поток кој претставува изворишна челенка на Изворскиот Поток кој пак е изворишна челенка на реката Рибница. Езерото се одликува со бистра вода и има променлив водостој, но воопшто не пресушува, а поради пропусливоста на стрмното земјиште над него прима вода од езерата погоре од него.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

село Тануше – врв Бабин Камен (+1 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот