• Должина во правец: 8,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.220 м
  • Почетна точка:

    с. Жировница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Плоча – врв во јужниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.233 метри. Се наоѓа на крајниот јужен дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија помеѓу превојот Шкртец на север и врво Високо Брдо (2211) на југ. Со својата местоположба врвот Плоча претставува претпоследен планински врв на протегањето на сртот на планината Кораб од север кон југ, после кого следува врвот Високо Брдо и преслапот Дешат од каде започнува истоимената планина, дел од овој масив. Се одликува со многу величствена глетка, особено погледнат од југ (од Високо Брдо), каде самиот врв Плоча се прикажува како многу остар и зашилен врв со глетка на целиот планински масив на Кораб со највисоките врвови во позадината. Источната падина на врвот Плоча на македонска територија е тревната и е возможно искачување на врвот по неа бидејќи по неа минува доброразгазената граничарска патека, додека западната падина на врвот на албанска територија е многу стрмна вертикално пресечена и карпеста со ситен песок и стрмни камења, поради што е невозможно искачувањето по неа. Самиот највисок дел на врвот е остар и зашилен, но од далеку изгледа како испакната плоча, поради што најверојатно самиот врв го добил името – Плоча.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)