• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Папрадиште

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Даутица или Орешка Планина – висока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, дел од најголемиот планински масив Јакупица.

Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на Македонија и претставува пределна граница помеѓу Пелагонија и Прилепското Поле на исток, Порече на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра или Јакупица. Се протега по речиси меридијански правец север-југ со мало отклонување и завртување кон исток. Даутица започнува да се протега од пределот Перчулица висок 2423 метри кој се наоѓа под месноста Солунско Поле веднаш под Солунска Глава кој е највисокиот врв на целиот планински масив на Мокра. Продолжува да се протега во јужен правец снижувајќи сè до врвот Јалоарник (1685 м.н.в.) од каде што кон исток се разгранува највисокиот врв Даутица (2178 м.н.в.) и врвот Плавник (2126 м.н.в.) на пределот Куртовица. Од врвот Јалоарник планинскиот срт и било продолжува да се протега на југ кон врвовите Момина Чука (1569 м.н.в.) и Чардак (1652 м.н.в.) од каде што се искачува до најиздадениот планински врв на нејзиното било, Бел Камен кој е висок 2074 метри. Оттука продолжува кон југ со мало свртување кон исток спуштајќи се по врвовите Клепало (1624 м.н.в.), Јалорник (1453 м.н.в.) и Баби (1275 м.н.в.) над Зрзевскиот манастир „Св. Преображение“ сѐ до Прилепското Поле во Пелагонија. Даутица е планина со варовнички состав на карпите поради што таа изобилува со многу силни, издашни и бистри извори на вода какви што се: Беличките над с.Белица, Плавник, Бела Вода, Китановски Извор, Чавкарник, Стеванов Извор, силниот извор Врело над манастирот во Зрзе и др. На нејзините падини има и повеќе пештери меѓу кои и најпознатите Змејовица (над Крапа), Пешна, Гулабарница, Јаловарник и др. Падините за застапени со густа дабова шума, а во помала мерка и буки, бор и нискостеблести грмушки. Билото под сртот е богато со пасишта.

Папрадиште – село во областа Азот, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Селото се наоѓа во областа Азот, во западниот дел на територијата на Општина Чашка, во горното изворишно сливно подрачје на реката Бабуна, чиј атар високо се издига на јужната падина на Јакупица. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри.

Ова познато село лежи на надморска височина од 950 до 1000 метри на стрмна падина на планината Мокра во близина на пределот помеѓу Даутица и Јакупица кој во суштина го претставува долот на Чеплеска Река. Падината е свртена кон исток, а на нејзиното подножје се наоѓа коритото на Бабуна. Околни села се Нежилово, Капиново и Ореше. Иако е раселено, Папрадиште и денес е едно од најуредените и најнапредните села во Азот.

Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во областа Азот и целиот велешки регион. Селото е создадено од Мијаци од селата Тресонче, Лазарополе, Гари, Галичник во Мијачијата во Западна Македонија кои овде се доселиле бегајќи од нападите на албанските качачки банди. Народното предание наведува дека порано на пространиот атар на денешното село Папрадиште постоеле три посебни села — старо Папрадиште или Ѕвезданово, Чеплес и Гарван. Ѕвезданово или Старо Папрадиште се наоѓало на местото на денешното Папрадиште, додека Чеплес и Гарван се наоѓале северозападно и северно во долот на Чеплеска Река, десна притока на Бабуна која што се влева во неа кај Нежилово. Тие се оддалечени по еден час одење пеш од денешното Папрадиште. Тие стари села пропаднале „во некој бозгунлок“ (т.е. бој, битка или борба). На селиштата Чеплес и Гарван се познавале остатоци од куќи, гробови и од една црква.

.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)