Никифорово (познато и како Ниќифорово) – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро.
Селото се наоѓа во Мавровската Котлина, на залив на источниот брег на Мавровското Езеро. Низ Никифорово него тече Петилепска Река која завршува влевајќи се во езерото. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.
Селото е поврзано со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 32 километри.
Населбата Никифорово се верува дека има далечно минато. Доказ за тоа е местото „Црквичето“ во месноста Бор. Археолошките истражувања потврдиле постоење на манастирски комплекс, чие постоење потекнува од V-VII. Црквата на овој манастирски комплекс била во целосна употреба и се изведувале богослужби сè до нејзиното палење од страна на германските војници во 1943 година. Покрај палењето на црквата, во пожарот изгорело и целото село. Денес наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Патеки во близина: