• Должина во правец: 8 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 800 м
  • Почетна точка:

    с. Никифорово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Никифорово (познато и како Ниќифорово) – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото се наоѓа во Мавровската Котлина, на залив на источниот брег на Мавровското Езеро. Низ Никифорово него тече Петилепска Река која завршува влевајќи се во езерото. Административно претставува дел од Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, сместено во источниот дел на општината. Воедно, селото претставува и дел од Националниот парк Маврово. Се наоѓа во пониските делови на планината Бистра.

Селото е поврзано со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро. Од градот Гостивар е оддалечено 32 километри. Селото има околу 100 куќи, а поголемиот дел од нив се викендици.

Населбата Никифорово се верува дека има далечно минато. Доказ за тоа е местото „Црквичето“ во месноста Бор. Археолошките истражувања потврдиле постоење на манастирски комплекс, чие постоење потекнува од V-VII. Црквата на овој манастирски комплекс била во целосна употреба и се изведувале богослужби сè до нејзиното палење од страна на германските војници во 1943 година. Покрај палењето на црквата, во пожарот изгорело и целото село. Денес наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.

Западно од селото Никифорово е лоциран археолошкиот локалитет Борче од V – VI в.н.е. со ориентираност кон Мавровското езеро од северната страна. Црквичката посветена на Свети Пантелејмон, реконструирана во понов период, е ситуирана во границите на надземните архитектонски остатоци. Се претпоставува дека манастирската црква бил изградена во средновековниот период ( XVII – XVIII). Во 1943 црквата била запалена додека во 1995 година од страна на поранешниот Републички завод за заштита на спомениците извршена е реконструкција на црквата врз оригиналните каскадно зачувани архитектонски партии од постариот сакрален храм (помеѓу двете градежни фази поставено е дистинкција со оловна лента).

Локалитетот е прогласен за споменик на културата во 1992-та година. Тука се откриени темели на ранохристијанска базилика, која се смета дека датира меѓу 5 и 6 век, потоа темели на градби и некрополи.

За храмот публицистот Владо Kочоски од Тетово во 2020-та година ја издаде монографијата „Тајната на манастирот Свети Пантелејмон“. Посериозни и детални истражувања на „Борче“ и црквата „Св.Пантелејмон“ кај Ниќифорово треба да дадат одговор на важни прашања и поткрепа на сознанијата дека тука се одвивала просветителска дејност и се препишувале црковни книги.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Никифорово – Манастир Св. Пантелејмон / Археолошки локалитет Борче (1 км)
с. Никифорово – врв Мали Шар (7 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот