Рибничка Скала – врв во средишниот дел на источната падина и огранка која кон исток се испушта од главниот срт на протегање на планината Кораб, во Македонија. Неговата височина изнесува 2.305 метри.
Се наоѓа во средишниот дел на планината на планинската огранка која се испушта долго на нејзината источна падина, припаѓајќи целосно и длабоко на македонска територија. Врвот Рибничка Скала го претставува последниот краен, четврти по ред планински врв од планинската огранка која започнува и се испушта кон исток од врвот Боази на главниот срт, врвот Кабаш, северозападно од селото Рибница, според кое и го носи името Рибничка Скала, со значење ‘рибничка карпа, стена’ односно ‘голем, стрмен и грамаден каменит планински гребен и врв над Рибница’. Поточно, врвот Рибничка Скала е сместен непосредно на југ над долината на Длабока Река. Се одликува со многу голема стрмнина и зашиленост, а неговите стрмни јужни и северни падини се прошарани со многу стрмни тревнати кулоари и карпи кои достигнуваат до самиот врв, додека кон запад е поврзан со врвот Кабаш, а на исток преку превојот Пралуга со густите шуми кои се распространети на снижената источна падина и подножје на Кораб. Убавата „алпска“ глетка и големата стрмнина на нејзините падини кои го прават доста тежок за искачување и во летни, а особено во зимски услови, при што ѝ даваат особена привлченост на Рибничка Скала, кој заедно со врвот Кабаш се два најатрактивни и меѓу планинарите и алпинистите многу често посетувани и особено прочуени планински врвови на Кораб и во Македонија. На источната и северната страна на подножјето под врвот Рибничка Скала од превојот Пралуга и навлегувањето во долината на Длабока Река, води доброобележана планинарска патека која води кон познатиот Корапски водопад, при што од „видиковецот“ во месноста скалила, скршнувајќи кон лево по стрмната падина може да се искачи на Рибничка Скала.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
врв Рибничка Скала – с. Жужње (7 км)
с. Жужње – с. Нистрово (3 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот