• Должина во правец: 7,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.065 м
  • Почетна точка:

    с. Теово

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Теово – село во Општина Чашка, во областа Азот, во околината на градот Велес. Името на селото првпат е споменато како „Техово“ во 1335 година. Името потекнува од личното име „Техо“ (од грчкото име Теохар, што значи „божја благодат“) или од корен „тех-“ што означува рудник, рударска јама.

Селото се наоѓа во областа Азот, во средишниот дел на територијата на Општина Чашка, во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 260 метри. Околни села се Согле и Плевење. Жителите се снабдуваат со вода од 7-8 бунари. Подалеку од Теово на селскиот атар избива единствениот извор Бела Чешма. Одредени делови на селскиот атар ги носат овие имиња: Кале или Марково Кале, Стража, Селиште, Река, Брезица (река која дотекува од селото Габровник, чие име според селаните потекнува од времето кога Крали Марко имал тврдина на возвишението Марково Кале), Голема Чука, Бумбарчица, Остреш, Уши, Глава, Готовуша, Карпа, Рамниште, Црно Осое, Вртешка, Корија Ашанит (во турско време припаѓала на соседното село Согле, а таму некојси Рушан од Согле имал ќерамидница).

Теово е рамничарско село на надморска височина од 260 метри во источниот дел на областа Азот, во околината на градот Велес, сега административно припаѓа на Општина Чашка. Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна, на нејзината лева страна. Теово е оддалечено 20 километри југозападно од општинското средиште Чашка и 30 километри од градот Велес.

Селото е сместено на еден од краците на патот Вија Егнација. Во селото се наоѓа железничка станица на пругата Велес-Битола, на која редовно сообраќаат регионалните возови на линијата Скопје-Битола.

Според пишаните историски податоци селото Теово е доста старо населено место уште од средниот век. Во пишаните историски записи од 1335 година се споменува пустото селиште Техово. Потоа селото било обновено и првобитно постоело во месноста Селиште, која се наоѓа во подножјето на возвишението Марково Кале, на оддалеченост од околу 2 километри југозападно од денешната местоположба. На оваа месност се пронаоѓани остатоци од некогашната населба како што се делови од разрушена црква, стари гробови, а на тоа место избивал и силниот и воедно единствен теовски извор „Бела Чешма“. Подоцна селото било преместено на денешната местоположба од страна на петте старинечки родови Каличовци, Калајџиовци, Јачевци, Ацевци и Прекуречани кои живееле во старото село.

Околу средината на XIX век во селото се населил Албанецот Авмет од соседното село Согле при што основал чифлик на кој работеле 7 македонски домаќинства, додека сите останати поседувале сопствена земја. По 1912 година Авмет се вратил во Согле, а оттаму се иселил во Турција, при што Теово повторно го добило својот чист македонски карактер кој е задржан сѐ до денес. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров од 1896 година, селото Теово било чифлик со 130 куќи кој се наоѓал на двете страни на реката Бабуна на ½ час растојание од Согле.

На крајот на XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство.

Археолошки наоѓалишта:
Марково Кале — градиште од доцноантичко време

Цркви:
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, сместена веднаш под јаворот;
Црква „Св. Архангел Михаил“ — манастирска црква во Теовскиот манастир.

Манастири:
Теовски манастир — сместен над селото, пред 400 години Турците го запалиле манастирот до темел. Во манастирот се одржуваат и ликовни изложби.

Реки:
Бабуна — притока на Вардар

Јаворот:
Она на што посебно се горди теовци е јаворот сретсело. Се претпоставува дека јаворот е стар околу пет или шест века. Се верува дека е посаден во XV век, односно во 1478 година. Никој точно не знае кој го насадил јаворот. Но, според кажувањата на мештаните, најверојатно го засадил некој од турските бегови, кој го донел од Грција. Турците знаеле дека јаворите се вековни растенија и го засадиле како симбол на вековната империја. Според други кажувања, фиданката е засадена од првиот доселеник во селото. Од млада фиданка, од година во година, дрвото израснало во вистински џин. Мерењата покажуваат дека дебелината на јаворот изнесува десетина метри, а висок е околу 30 до 40 метри. Јаворот за теовци претставува средиште на сите случувања. Под него, на местото на некогашниот бунар, се наоѓа фонтана. Местото под јаворот целото е поплочено и оградено. Навечер него го осветлуваат неколку електрични светилки. Тука за време на селските слави и собири се играло орото и се пеела македонската песна.

Крива Круша – село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Селото порано се сметало географски центар на Македонија но според новите истражувања за центар на Р. Македонија бил утврден Длабок Дол кај селото Долно Врановци во истата општина. Селото е пред целосно изумирање, во 2002 година забележани се само 2 жители.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Крива Круша – врв Љиљачица – врв Штрбино (7 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот