• Должина во правец: 13 км
  • Тежина: 10/10
  • Време на искачување: 8 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.800 м
  • Почетна точка:

    с. Стрезимир – Караула Победа

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Штировица — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по течението истоимената река Щировица, притока на Радика. Во XIX век Штировица било шкретско село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Штировица (Chtirovitza) имала 100 домаќинства, со 235 „Албанци“ муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители „Арнаути“ муслимани.

Штировица или Штировичка Река – река во Западна Македонија и десна притока на Радика. Изворишната област на реката се наоѓа меѓу врвовите Црна Чука и Котата, на источната падина во северниот дел на планината Кораб. Реката е образувана со спојување на неколку потоци во месноста Песок, на надморска височина од околу 1.950 м. Течението на реката продолжува низ историското село Штировица, поминува покрај караулата Стрезимир и на надморска височина од околу 1.270 м се влева во реката Радика од нејзината десна страна, на местото каде што од левата страна во Радика се влева и Аџина Река.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Стрезимир – Голема Корапска Врата (9,5 км)
Голема Корапска Врата – Радомирски Врв (3,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот