Селечки манастир – македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Селце. Самиот манастир е во непосредна близина и на градот Прилеп, поради што е често посетуван од страна на граѓаните на Прилеп, од каде што води асфалтен пат.
Изграден е во 1933 година и истата година е осветен од тогашниот битолски епископ Николај (Велимировиќ). Манастирот е сместен во шумско подрачје на планината Селечка, на неколку километри од градот Прилеп. Околу манастирот се наоѓаат и малите црквички „Св. Петка“ и „Св. Илија“. Воедно, покрај манастирот, како крст се распоредени и четири свети води: Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна Вода.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: