• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 700 м
  • Почетна точка:

    с. Прилепец

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Прилепец – село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.

Марков Ѕид
На околу 1 км североисточно од селото Прилепец, на средна височина на планината, на голема и нерамна тераса, се наоѓаат бројни археолошки остатоци од древно постоење. Овој локалитет е познат под името „Марков Ѕид“, а името, веројатно, го добил според остатоците на голем ѕид кој заградувал значајна површина поголема од 7 хектари. Делови од овој ѕид кој бил широк околу 1,30 m и денес можат да се видат на овој локалитет веднаш под карпите кои се извишуваат на овој дел од планината. Тврдината, всушност, била расположена под една од карпите, кои поради својата форма, се познати како „Стоговите“, а која со својата големина доминира над останатите големи карпи кои се расположени на различни растојанија од двете нејзини страни. Просторот на кој била расположена тврдината се наоѓа на 960 м.н.в. и има голема прегледност над просторот во долината.

Тврдината егзистирала уште во т.н. хеленистички период од кој на овој локалитет се пронајдени ретки наоди. Овде мораме да истакнеме дека наодите не се резултат на археолошко истражување, туку на рекогносцирање или случајни наоѓања. Од овој локалитет е регистрирана и една монета на кралот Касандар (316–297) кој му бил зет за ќерка на Филип II, а за сестра на Александар III Македонски, и во 312 година пред н.е. го подигнал градот Солун, односно го обновил стариот град Терма и во чест на својата жена Тесалонике го нарекол со нејзиното име. Освен тоа на локалитетот „Марков Ѕид“ се наоѓа и керамика од истиот период. Овие наоди покажуваат дека тврдината на „Стоговите“ над селото Прилепец, била активно користена за време на владеењето на античките македонски кралеви и постоењето на античкиот град во долината меѓу селата Прилепец и Волково.

Извор: Wikipedia / Pelagon.mk

Тура

(во подготовка)