• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.300 м
  • Почетна точка:

    с. Брник

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Брник – раселено село во Општина Новаци, во областа Мариово, во околината на градот Битола.

Првпат името на селото било запишано како Прник во турски документи во XVI век. Името веројатно доаѓа од исчезнатиот збор брна што имал значење на „калливо место“ или од брвник што се поврзува со старословенскиот збор брвно што означувал греда. Според друга теорија е дека името на селото доаѓа од неговата поставеност на теренот, односно од опколеноста на селото со ридови. За името на селото постои и легенда која кажува за еден човек кој имал три сина. Тројца ги паселе своите стада овци и кози на денешната местоположба на трите села Маково, Рапеш и Брник. Оној што ги чувал своите стада на местоположбата на Брник имал многу кози со брни под брадата, па оттаму дошло и името.

Селото се наоѓа во битолскиот дел на областа Мариово, на источната падина на Селечка Планина, а од левата страна на Црна Река. Брник се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Новаци. Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Битола е оддалечено 40 километри, додека од општинското средиште Новаци е оддалечено 28 километри. До селото се стигнува преку регионалниот пат 1311, кој води преку Маково и Рапеш. Од регионалниот асфалтен пат се исклучува земјен пат во должина од четири километри. Со вода за пиење се снабдува од една чешма изградена во 1942 година. Исто така, постојат и неколку кладенци, кои во сушните периоди пресушуваат. Селото никогаш не било поврзан со електрична енергија.

Селските куќи се градени од камен и кал и покриени со камени плочи. Типот на куќите бил едноставен, без некакви стилски белези и скоро сите се слични. Единствената разлика е нивната височина.

Низ селото поминува Брнички Поток, во чија долина се наоѓа Брничкиот Водопад, кој има пад од 18 метри.

Селото првпат е документирано во турски пописен дефтер од 1568 година. Брник, како и целото Мариово, не биле зафатени од Илинденското востание. Сепак, селото било под влијание на грчката вооружена пропаганда, кој ја засилиле својата активност по есента 1904 година. Летото и есента 1905 година, андартските банди го нападнале селото Брник, кога заклале 5 селани, изгореле неколку куќи и уништиле сѐ што нашле во црквата.

Цркви:
Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква

Свети води:
Светонеделска вода

Реки:
Брнички Поток — поток низ селото, притока на Црна Река

Водопади:
Брнички Водопад — водопад на селскиот поток со височина од 18 метри, сместен на 30 минути пеш од Рапешки Мост

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Брник – врв Гавран (7,5 км)
врв Гавран – врв Џаула (1,5 км)
Рапешки мост – Брнички водопад (1 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот