Дерза (познат и како Дрејза, со значење Јагода од албански Dredhëza) – врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.403 метри.
Се наоѓа во средишниот дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Дерза се наоѓа на координатите 41°43’55” северна географска широчина и 20°31’26” источна географска должина. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвовите Црн Камен (2404 м.) и Шупла Стена (2431 м.) веднаш непосредно на југ и превојот Цигански Премин (Цигански Проход) (2305 м.) на север. Се одликува со многу величествена глетка, каде самиот врв Дерза се прикажува како многу остар и зашилен карпест врв при што на највисокиот дел има заоблена карпеста испакнатина налик на јагода поради што најверојатно го добил името Дерза што на албански јазик Dredhëza значи јагода. Искачувањето на врвот Дерза е многу тешко бидејќи неговите падини се многу стрмни, при што југоисточната е повеќе тревната, а северната и западната се каменести и земјени каде има опасност од лизгање. Самата највисока точка на врвот е многу тесна, при што на нејзе има место сда застанат највеќе 4 луѓе. Врвот Дерза може да се искачи по доброразгазената граничарска патека која води и го заобиколува по неговата јужна, источна и северна падина, а најдобрата можност за искачување е по тревнатата југоисточна падина помеѓу Дерза и Црн Камен. Во неговата најнепосредна близина, на истиот планински гребен определен со превоите Шкртец и Цигански Проход, со Дерза се и зашилените остри врвови Црн Камен и Шупла Стена, поради што погледнати од повеќе места од далечина тие три врвови даваат особено убава налик „алпска“ глетка.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Тануше – врв Дерза (11 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот