• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.200 м
  • Почетна точка:

    с. Варвара

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Варвара – село во Општина Теарце. Селото Варвара се наоѓа шарпланинската падина, североисточно од Тетово, над селото Лешок. Според турските документи од 1467-1468 година селото имало 19 христијански семејства од кои едно било на калуѓерот Стефан и Миладин син на поп кој бил починат.

Културни и природни знаменитости:

Црква „Св. Петка“ – Варвара. Денес богослужба се служи во црквата Св. Петка. Непосредно под селото Варвара имало стара разурната црквичка Св. Петка. Околу 1900 година, варварчаните Миајле, Гаљо и Бошко, во средината на селото изградиле провизорна црква со плетени прачки облепена со кал. Подоцна, на истото место селаните изградиле мала црква и ја посветиле на истиот светител. Во 1977 година црквата е обновена и фрескоживописана од Крсто Гоговски од село Непроштено, а во 1978 година е осветена од Полошко-кумановскиот митрополит Господин Кирил.

На патот за село Варвара се наоѓа Марков Камен – осамена карпа во јајцевидна форма, висока над два метра, за која постојат неколку легенди.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Брезно – врв Брезјански Кули (8 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот