• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6,5 часа
  • Искачување со деца: 7 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    ПД Смрека – Попова Шапка

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Пена, во постарата литература Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато се нарекувала Хтетовчица.

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица, високо на Шар планина, на некаде околу 2.500 метри надморска висина. најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце. Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинка разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км. Таа во своето корито прима 12 други реки, од кои најпознати се Караниколска Река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и други. Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планински тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Клисура на Пена – клисура на реката Пена во областа Полог, северозападна Македонија. Претставува една од најзабележителните и најдлабоки клисури во Македонија. Всечена е во средишниот дел на Шар Планина, во должина од 22 км. Започнува од месноста Џинибег, западно од Титов Врв (2.747 м), а завршува кај Тетово, од каде што Пена добива рамничарски карактер до вливот во Вардар. Клисурата има општ правец југозапад-североисток, а по вливот на Вејчичка Река свртува кон југоисток. Обично е доста длабока, до 1.500 м., а нејзините стрмни страни се изградени претежно од шкрилци, мермери и варовници. На страните на клисурата е изразен водосоголен релјеф, а фосилен леднички и доледнички релјеф се јавува во повисоките делови, каде што има моренски материјал по дното. На одделни мали месности има карстен релјеф. Поради големиот наклон и застапеноста на неотпорни и распаднати шкрилци, по страните има силна ерозија и чести свлечишта. На притоките на Пена, пак, низ клисурата има бројни помали водопади. На излезот од клисурата, Пена изградила огромна плавина на која лежи градот Тетово.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

ПД Смрека – Извори на Река Пена (14 км)
Извори на Река Пена – с. Бозовце (15 км)
Извори на Река Пена – Лешница (8 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот