• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.300 м
  • Почетна точка:

    с. Дуф

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Дуф – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Селото културно припаѓа на областа Горна Река, каде денес припаѓа и административно (во општината Маврово и Ростуше), иако историски припаѓало на областа Горен Полог.

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на јужните огранки на планината Враца, а во горното сливно подрачје на најголемата македонска река Вардар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од околу 1.000 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 18 километри.

Дуф е планинско село, со што некои негови делови се наоѓаат над 1.300 метри. Се наоѓа во горниот тек на реката Мелце и нејзините изворишни притоки. Водата за пиење се добива од извори и од селските чешми. Поглавни извори и чешми за пиење се Торба, Ташкоа Чешма, Трпеа Чешма, Милоа Чешма, Крој Ковачит и Крој Јованит. Селото има разбиен тип, поделено е на пет маала, кои имаат топографски или родовски имиња. Маалата се Тољањ (или Толјане), Брезоец, Чајане, Јарчевиш и Балабан. Оддалеченоста помеѓу маалата изнесува и по неколку километри.

До маалата Толјане и делумно до маалото Брезоец, се стигнува преку лош шумски земјен пат, кој започнува од селото Вруток, додека главниот пат за селото Дуф се двои од регионалниот пат Р1202 неколку стотина метри пред месноста Бунец. Овој локален пат на некои места е асфалтиран, а остатокот е макадам.

Дуф е старо село, што може да се заклучи по зачуваните староседелски родови, по народната традиција и по остатоците од старини. Над маалото Тољањ (или Толјане) постои месноста Селиште или Старо Село. Таму некогаш се наоѓало мало село со православно македонско население. Во селото имало девет куќи во кои биле раздвоени деветте браќа. Подоцна, најголемиот дел од жителите на ова село умреле поради чума. Остатоци од населба и од стари христијански гробишта постојат и над денешното маало Јарчевиш.

Во атарот на селото се наоѓа месноста Дингоа Црква, која се наоѓа над селото. На месноста, која на карта е означена како Димговска Црква, некогаш имало црковен храм. Рушевините од храмот денес не се познаваат. Исто така, една стара црква некогаш се наоѓала во месноста Варвара, покрај реката Мелце и недалеку од денешното село. Традицијата пренесува дека месноста го добила името бидејќи самата црква била посветена на Света Варвара.

Првпат селото Дуф како во усните преданија така и во пишаните и материјалните документи и артефакти се спомнува во мноштвата црковни повелби за регионот Горна Река меѓу кои и црковните повелби кои датираат од Византискиот период, односно од 1020 година, за време на владеењето на византискиот цар Василиј Втори, а посебно во црковните повелби на царот Стефан Душан од 1331 година, Стефан Урош Петти Немањиќ од 1356 исто така се спомнува во црковните повелби и од македонските кталеви кралот Димитрија Волкашин од 1365 година како и во црковната повелба од македонскиот крал Крале Марко од 1371 година за манастирот Свети Јован Бигорски.

Археолошки наоѓалишта:
Селиште или Старо Село — населба од непознат период;
Јарчевиш Маало — населба и некропола од непознат период; и
Димговска Црква — црква од непознат период.

Цркви:
Црква „Св. Петка“ — се наоѓа во маалото Брезовец и е изградена во 1842 година;
Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква. Се наоѓа во маалото Јарчевиш и е изградена во 1852 година; и
Црква „Св. Варвара“ — се наоѓа во маалото Толјане и е изградена во 1860 година, осветена во 2007 година.

Реки:
Дуфска Река — река низ селото, притока на Вардар

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Дуф – врв Морава (5 км)
врв Морава – врв Лера (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот