Пирибег (или често именуван и како Куќинaгледски Врв) е планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.524 метри.
Се наоѓа на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница, при што тој претставува трет врв по шарпланинското било. Од западната страна на врвот се наоѓа ски центарот Брезовица на Косово од каде што води жичарница која доаѓа до самиот врв како и патека за искачување од планинарскиот дом „Стојкова Куќа“. На источната страна се изворите на Беловишка Река која ги формира едни од најимпозантните водопади на Шара. Врвот се наоѓа во близина на врвовите Ливадица и Љуботен и Ливадичкото Езеро и има пристап од планинарскиот дом Љуботен. Пирибег претставува вториот најистакнат врв на главниот шарпланински срт и според него е именуван и целиот предел на билото кој започнува на североисток од превојот под Љуботен и Козја Стена со врвот Ливадица, а завршува на југозапад со Куќинaгледски Врв од каде се спојува со следниот предел на билото наречен Езерско кој ги опфаќа врвовите Езерска Чука и Езерски Врв.
Беловишки Водопади (на месниот дијалект: Белојшки Водопади) – Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади — Горна Скала, Долна Скала и Петочко Водиче. Третиот и најнискиот водопад месното население го нарекува уште и Враживир. Водите стрмоглаво се спуштаат по речиси непроодниот кањон до тетовското село Беловиште. Оваа ретка природна убавина може да се види на простор од два километра, во вкупна должина од 150 метри.
Овие дивини во кои погледот кон небото завршува во испреплетените гранки на огромните дрва, стрмнината по која двата километра до најдалечниот водопад се совладуваат дури со три часа напорен од, љубоморно ги криеле жителите на Беловиште, но и на соседните Вратница, Рогачево, Старо Село и Одри. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река.
Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч – мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемски растенија, на кои намерникот наидува напролет, кога природата почнува да се буди. Во сите периоди од годината, студената Беловишка Река е обилна со вода, но во исто време и чиста за пиење, иако ни тврдеа дека најголема е во период кога се топат снеговите на Пирибег и околината. Тогаш и трите водопади, чија должина досега никој не ја измерил, се најдолги и најубави, а кршењето на водата прави вистински спектар на бои. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: