• Должина во правец: 6,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 900 м
  • Почетна точка:

    Водостан Маздрача

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Маздрача – река во Македонија, лева притока на Вардар.

Спаѓа меѓу поголемите и првите леви притоки на Вардар во Полошка Котлина. Извира во месноста Венец, во јужниот дел на Шар Планина во масивот под врвовите Мала и Голема Враца, на надморска височина од 2250 метри, а се влева во Вардар наспроти село Волковија на 470 метри надморска височина. Долга е 24,5 километри и има пад од 1780 метри. Зафаќа сливна површина од 140 км2. Во своето изворишно подрачје и горно течение високо на Шар Планина, реката Маздрача, собира многу полноводни притоки како што се потоците Тиха Вода, Демирова Река на која има доста висок повремен водопад чии во значаен дел се користат во хидросистемот „Шарски води“ за напојување на мавровските и вруточки електрани, заради што во овој дел има изградено и водостан „Маздрача“. По течението со стрмен пад низ шумовиот дол на Шар Планина каде ја прима притоката Матене која истекува од Црното Езеро, излегува во Полошката котлина течејќи низ селото Неготино кое го дели на 2 дела и во кое ја прима притоката Маврица. Напуштајќи го селото Неготино во подножјето и допирот на Шар Планина со котлинското дно, реката Маздрача тече низ рамнината на Полог сè до нејзината утока во Вардар. Поради полноводноста, покрај за електрична енергија, водите на Маздрача во голем обем се користат за наводнување на бројните плодни ниви во рамината на Полог.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Пожаране – Водостан Маздрача (13 км) – Off-roud 4×4

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот