• Должина во правец: 15,5 км
  • Тежина: 10/10
  • Време на искачување: 7 часа
  • Искачување со деца: 8 часа
  • Висинска разлика: 2.350 м
  • Почетна точка:

    с. Одри

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Езерска Чука – врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2582 метри. Тој е составен дел на Шар Планина и се наоѓа на линијата на протегање на главниот срт и планинско било при што претставува петти врв од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерски Врв на југ-југозапад, при што претсавува негова почетна точка/кота на север-североисток. Наречен е со името Езерска Чука бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна страна и езерото Црн Вир како и двете Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро на косовската западна страна. името чука го носи поради тоа што според изгледот и карактеристиките сосема одговара на дефиницијата за чука што означува посебен вид на каменит врв на рид, при што обично ваквиот рид е поблаг од едната страна, додека од другата е доста пострмен и карпест, како што е случај со овој врв кој од македонската страна е поблаг, додека од косовската е стрмен и карпест. Непосредно под самиот врв минува и привршува пешачката траса на првата етапа од првата планинарска Западна македонска трансферзала, чиј камп за прво ноќевање е сместен веднаш до Долното Доброшко Езеро во подножјето меѓу врвовите Езерска Чука и Езерски Врв.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Одри – врв Рафша (12,5 км)
врв Рафша – врв Црн Камен (1 км)
врв Црн Камен – врв Езерска Чука (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот