• Должина во правец: 9 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.600 м
  • Почетна точка:

    с. Рогачево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Рогачево – село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово. Селото е сместено во областа Долни Полог, во југоисточните пазуви на Шар Планина, под врвот Љуботен.

Рогачево за првпат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година. Според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некои монаси, веднаш по Косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер. Во Рогачево во 1467-68 година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545 и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле, но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.

Во XIX век, Рогачево било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Цркви:
Црква „Св. Спас“ — главната селска црква;
Црква „Св. Архангел Михаил“ — црква во месноста Тиквица;
Црква „Св. Петка и Св. Недела“ — мала црква по текот на Калуѓерска Река;
Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква во месноста Калуѓер;
Црква „Св. Спас“ — мала црква на влезот од селото;

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Рогачево – ПД Љуботен (7,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот