• Должина во правец: 8,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.700 м
  • Почетна точка:

    с. Вратница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ливадица е планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.497 метри. Ливадица е вториот врв на главниот срт на протегање на Шар Планина, сместен на главното планинско било и срт помеѓу Љуботен и Пирибег. Веднаш непосредно под врвот на север се наоѓа познатото ледничко Ливадичко Езеро. Се издигнува над селото Вратница и до самиот врв е покриен и обраснат со трева, при што на него нема каменести делови (сипари) како на соседниот врв Љуботен, заради што најверојатно поради ливадскиот изглед на планинското било до самиот врв со бујна трева, го добил и името Ливадица. Истото го запишал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, каде опишувајќи ја Шар Планина запишал: Ливадица — како што покажува и самото име, таа е покриена со густа трева и бујни пасишта, како ливада.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)