Луковица (месно: Лукојца) – село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на Општина Желино, сместено на североисточната падина на планината Сува Гора. Селото е планинско, на надморска височина од 930 метри. Од градот Тетово е оддалечено 28 километри.
Географски селото, како и околните, се наоѓа во областа Порече, но историски влегува во областа Долен Полог. Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 40,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.504 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 135 хектари, а на пасиштата 22 хектари.
До селото се стигнува преку асфалтниот пат кој се исклучува од стариот пат Скопје-Тетово, а подоцна продолжува во насока на селото Седларево. Од месноста Крстец се исклучува патот за селото Луковица и продолжува како земјен пат во должина од шест километри. Патот е во лоша состојба, особено за време на зимата и во дождливи денови.
Луковица брои 47 жители, сите Македонци. Поради големите миграции и премногу нискиот наталитет на селото му се заканува целосно раселување. Жителите на Луковица според носијата и другите етнички особини и етнографски одлики се разликуваат од жителите во Порече и Полог. Нивната носија претставувала последен остаток од некогашната македонска носија која била раширена во областа Скопски Дервен.
Цркви:
Црква „Св. Илија“ — главна манастирска црква на Луковичкиот манастир
Црква „Св. Петка“ — новоизградена црква на влезот во селото
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, околу која се наоѓаат селските гробишта
Манастири:
Луковички манастир
Археолошки наоѓалишта:
Брикул — доцноантички кастел спекула
Глобочица — средновековна некропола
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: