Драгош – село во Општина Битола. Се наоѓа јужно од градот Битола во непосредна близина на државната граница со Грција. Селото Драгош се наоѓа во Битолското поле (Пелагонија) на подножјето на Баба Планина, јужно од градот Битола во непосредна близина на државната граница со Грција. Најблиско село е Опсирино (денес во Леринско), кое се наоѓа јужно од Драгош. Други блиски околни села се: Граешница на север, Кишава на северозапад, Лажец на североисток Света Петка (во Грција) на југоисток и Раково (во Леринско) на југозапад.
Драгош се смета за многу старо село, во него има голем број на староседелски и стари доселени родови со непознато потекло. Селото растело по природен пат, како и со доселениците што доаѓале. За време на турското ропство жителите на селото имале нешто своја земја. Таа воглавно била на неплодните делови на атарот. Селото се споменува во 1638 година (помеѓу 16 и 25 април) во една изјава дадена прд судот од Петко, син на Јорго, од село Драгош – Битолско, дека примил од Хусеин-бег црвена чоја и пари за бричење на неговиот син кој бил земен како данок во крв.
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Цркви:
Црква „Св. Никола“ – главна селска и гробјанска црква изградена во втората половина на XIX век;
Црква „Св. Варвара“ – се наоѓа под селото. Градена е на темели од старо време;
Црква „Св. Илија“ – манастирска црква;
Црква „Св. Петка“ – мала црква над селото во месностс Присој изградена во 30тите години на XX век;
Археолошки наоѓалишта:
Ластојца – некропола од железно време;
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Драгош – врв Бела Вода (10 км)
врв Бела Вода – Бојаџиев Врв (3 км)
Бојаџиев Врв – Орлови Бари (12 км)
Орлови Бари – ПД Мурато (4 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот