• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 600 м
  • Почетна точка:

    хотел Молика

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Копанки – скијалиште во Националниот парк Пелистер, на североисточната страна на Баба Планина, на надморска височина од 1410 м. Скијалиштето Копанки е оддалечено 15 км од Битола со која го поврзува асфалтен пат. Во непосредна близина на скијалиштето се наоѓа хотелот „Молика“, а на крајот на седешницата, се наоѓа опожарениот планинарски дом „Копанки“.

Скијалиштето „Копанки“ е осовременето со седешница и влечница, свечено пуштени во употреба на 4 ноември 1975 година по повод денот на ослободувањето на Битола. Целокупната изградба на жичницата била финансирана од месен самопридонес на жителите на општина Битола. Постројката била од производителот „Помагалски“ од Гренобл, Франција. Во истиот период била поставена и детската влечница „Пионир“ која се наоѓа во потегот од локалитетот 7 Кладенци, до патот и почетокот на жичницата на локалитетот „Бегова Чешма“. Честа за пуштање во свечена употреба му припаднала на Љупчо Спировски, член на Скијачкиот клуб Пелистер од Битола и репрезентативец во скијање на Република Македонија. Во 1985 со помош на големиот број ентузијасти, планинари, граѓани од Битола и со помош на жителите од потпелистерските села се оспособила патеката над локалитетот Копанки до месноста викана „Извидница“ на надморска висина од 1600 до 1800 метри. Самоуправната интересна заедница (СИЗ) за Детска заштита при општина Битола била организатор и обезбедила средства за набавка на целата конструкција и постројка на влечницата на тој потег. Опремата била набавена од словенечкиот производител „Лесна“ од Словењ Градец, Република Словенија.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

хотел Молика – ПД Копанки (1,5 км)
ПД Копанки – врв Јоргов Камен (3,5 км)
врв Јоргов Камен – врв Црвена Стена (2 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот