Конско – село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, недалеку од градот Гевгелија. Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено под југоисточната падина на планината Кожуф. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 600 метри. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конско имало 560 жители, сите Власи. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конско имало 640 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци. Селото било наполно раселено во 1994 година, а во 1991 година броело само еден жител.
Цркви:
Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
Реки:
Конска Река — десна притока на Вардар
Езера:
Конско Езеро — вештачко езеро во изградба
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Конско – врв Двете Уши (8,5 км)
врв Двете Уши – врв Чичи Каја (6,5 км)
с. Смрдлива Вода – врв Чичи Каја (6,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот