• Должина во правец: 11 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.600 м
  • Почетна точка:

    Ски Центар Кожуф

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ски-центарот Кожуф се наоѓа во јужниот дел од државата, во пограничниот регион помеѓу Македонија и Грција, сместен на надморска висина од 1.550-1600 м. и распослан на северните падини на планината Кожуф, во близината на неколку врва над 2.000 метри, од кои највисокиот Зелен Брег (2.171 м) и К-92 (2.102 м) се во рамките на ски-зоната. Кожуф изобилува со огромен воден потенцијал, од кој извираат многубројни реки, богат е со пејзажи, флора и фауна. Ски-центарот е релативно нов, датира од 2006 година и се карактеризира со голема атрактивност, особено за љубителите на фрирајд-скијањето и на сноубордингот. Веќе неколку години ски-центарот не работи, и најнова информација од 2023 година е дека истиот е продаден на друго правно лице: да се надеваме дека во иднина постојат планови за обнова и рестарт на истиот на среќа на сите вљубеници во овој спорт.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Ски Центар Кожуф – врв Порта (7 км)
Ски Центар Кожуф – врв Момина Чука (1 км)
врв Порта – врв Зелен Брег (4 км)
врв Зелен Брег – врв Ѕена (0,5 км)
врв Ѕена – врв Мала Ѕена (3,5 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот